Саинс: Не се плашам од повторување на судбината, „Ферари“ не го проголта Фетел

Саинс: Не се плашам од повторување на судбината, „Ферари“ не го проголта Фетел

пред 4 години

Возачот на Формула 1 тимот – Ферари, Карлос Саинс смета дека нема да ја има судбината на Себастијан Фетел во италијанскиот тим.

„Не се плашам дека ќе ми се случи нешто како него и не мислам дека Ферари го проголта Фетел иако многу луѓе така мислат. Тие велат дека тимот го апсорбирал и уништил, но тоа не е случај. Фетел помина 5 години тука, имаше 11 победи и многу подиуми. Не мислам дека е соодветно да се зборува во негативна смисла за влијанието на тимот врз него. Мислам дека не сум ангажиран како втор возач. Да видиме на крајот што ќе можам да постигнам во тимот. Засега сум фокусиран на влегување во Топ 5 или на подиум во Бахреин“ – рече Саинс кој е нов пилот во Ферари.

Лани Ферари заврши шести меѓу конструкторите, а Фетел по пет сезони со Ферари се пресели во Астон Мартин.

За Карлос Саинс трката во Бахреин ќе биде деби во елитното друштво, а негов партнер кај „црното коњче“ е Шарл Леклер кој од 2019 година е во тимот.

Новата сезона започнува претстојниот викенд со трката за Големата награда на Бахреин.

Share
Scroll to Top