Саинс: 90 отсто би победиле со болидот на Хамилтон, но…

Саинс: 90 отсто би победиле со болидот на Хамилтон, но…

пред 3 години

Карлос Саинс Јуниор, возачот на Мекларен кој од следната година ќе биде во црвениот болид на Ферари се согласува со Макс Ферстапен дека 90 отсто од возачите би станале шампиони со Мерцедесот на Луис Хамилтон, но додава дека тоа не кажува ништо за квалитетите на седумкратниот светски шампион.

„Се работи за тешко прашање, но се согласувам со Макс. 90 отсто сигурно би победувале во трки и би освојувале позиции со болидот на Мерцедес. Но, ако ставите половина од актуелните возачи против Хамилтон во Мерцедес, 90 отсто не би го победиле“, вели Саинс во интервју за „Моторспорт-Тотал“.

Доказ за ова, секако, е Валтери Ботас, талентиран возач кој покажува дека нема апсолутно никакви шанси за битка со Британецот. Покрај тоа, Финецот завршувал и повеќе трки зад Ферстапен во директна битка, што покажува дека не би бил толку доминантен во борбата за титулата.

„Ако го извадите Хамилтон од натпреварувањето, тогаш речиси сите би победувале во Мерцедес. Тоа ја опишува актуелната ситуација во Мерцедес, но во исто време покажува дека Хамилтон е најдобриот со најдобар болид“, вели Саинс.

Share
Scroll to Top