Англија стигна до 1:0 победа над Австрија, нашиот прв противник на Европското првенство благодарение на првиот гол во националниот дрес на младиот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака, додека Германија и со повратниците Томас Милер и Матс Хумелс одигра само 1:1 на тестот со Данска.
Сака, кој помалку неочекувано доби повик од селекторот Герет Саутгејт за ЕП, во 55. минута по една брза акција на Англичаните го постигна единствениот гол на мечот.
Германија, пак, во Инсбрук, поведе преку Флоријан Нојхаус во 48. минута, но упорните Данци успеаја да израмнат преку Јусуф Поулсен во 71. минута, за тимот на Јоаким Лев да сврзе неколку лоши резултати.