Салернитана се врати во Серија А по 23 години!

Салернитана се врати во Серија А по 23 години!

пред 3 години

Салернитана по долго чекање,  два банкроти и пропаѓање во Серија Д, по 23 години се врати во Серија А откако го обезбеди второто место во Серија Б зад Емполи по 3:0 победата над Пескара.

Во 2005 година, оригиналниот тим, УС Салернитана 1919 банкротираше, пред да биде повторно основан под името Салернитана Спорт. Во 2011 година, клубот пак, банкротираше, пред со помош на газдата на Лацио, Кладуио Лотито да воскресне како Салерно Калчо. Неговиот зет, Марко Мецарома стана претседател на клубот, а во 2012 година го вратија името УС Салернитана 1919.

По победата на Салернитана, скапиот проект на поранешниот италијански премиер и експретседател на Милан, Силвио Берлускони, Монца ќе мора да игра во плејофот откако загубија со 0:2 од Бреша. Покрај Монца, во плејофот ќе се и Бреша, Лече, Венеција, Читадела и Киево Верона.

Монца и Лече ќе стартуваат во второто коло на плејофот – Лече ќе игра со подобриот од дуелот Венеција-Киево, додека Монца ќе игра со победникот од дуелот Читадела-Бреша.

Козенца, Реџијана, Пескара и Виртус Ентела испаѓаат во Серија Ц.

Share
Scroll to Top