Кој не би сакал да е Роналдињо? Или Нејмар, Кристијано Роналдо, Ибрахимовиќ, Пеле? Во Бразил овој сон им се оствари на групата (тимот?) со име „Сосијас“, во кој членуваат имитатори на фудбалските ѕвезди, и нивните видеа станаа хит на Инстаграм во земјата на фудбалот.
Секако, ако се загледате подобро, ќе сфатите дека не се работи за вистинските фудбалери, но Еигон Оливеира, човекот кој го глуми Нејмар вели дека се работи за сериозна работа.
„Потребни ми се час и половина да се подготвам. Треба да ја средам четката на главата, да се подготвам. Ова е мојата единствена работа. Двојник на Нејмар сум 9 години и добивам пари преку реклами, детски забави и други гостувања. Бидејќи поради КОВИД-19 не можев да продолжам, решивме да направиме ваква група“, вели Оливеира за шпанска „Марка“.
Иако преодниот рок е завршен одамна, лажниот Нејмар вели дека има место во нивниот тим за уште неколку двојници.
„Навистина ни недостасува Меси и Халанд“, вели Оливеира.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram