Сампдорија го „врбува“ Дејан Станковиќ

Сампдорија го „врбува“ Дејан Станковиќ

пред 3 години

Италијанските медиуми тврдат дека претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро денеска бил на специјален состанок со тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ во Милано, зголемувајќи ги шансите дека Клаудио Раниери нема да добие продолжување на договорот.

Договорот на Раниери завршува на крајот на сезоната, но во тимот сметаат дека не се движат во вистинска насока, така што повторно го обновија интересот за Станковиќ, кој со Црвена звезда лесно ја освои српската титула.

Станковиќ веќе беше поврзуван со работа во Италија, посебно во Сампдорија, откако неговиот агент, тетовецот Фаљи Рамадани беше двапати во посета на Џенова.

Share
Scroll to Top