Санчо: Многу добро се „поврзавме“ со Бруно

Санчо: Многу добро се „поврзавме“ со Бруно

пред 3 години

Во интервју со легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, новото засилување на „ѓаволите“ Џејдон Санчо кажа нешто што веднаш ги израдува фановите на клубот од северна Англија, дека добро се „поврзал“ со Бруно Фернандеш.

Одговарајќи дали е подготвен да има менталитет на врвен фудбалер, како Кристијано Роналдо додека беше на „Олд Трафорд“, засилувањето од Борусија Дортмунд даде интересен одговор.

„Дефинитивно! Гледам ист менталитет на голем играч во некои фудбалери како Бруно. Бевме во ист тим на тренинг и се поврзавме многу добро, знаете, и двајцата многу сакаме да победуваме. Среќен сум што двајцата имаме ист менталитет, бидејќи тоа е потребно во голем клуб како нашиот. Ако сакаме да победуваме, тогаш треба да победуваме и на тренинг и на мечеви“, вели Санчо.

Share
Scroll to Top