Сари имал желба да ја предводи Фиорентина

Сари имал желба да ја предводи Фиорентина

пред 4 години

Иако успеа да ја освои Серија А, Маурицио Сари само една сезона се задржа на клупата на Јувентус. Откако испадна во осмина-финалето во Лигата на шампионите од Лион тој доби отказ.

Клубот му врачи отказ на Сари меѓутоа тој и понатаму зема плата во Јувентус. Според неговиот пријател Аурелио Виргили тој бил подготвен да го раскине договорот бидејќи имал голема жалба да ја тренира Фиорентина.

Доколку тврдењата на Виригили се точни тоа значи дека Сари не покажува ниту трошка колегијалност кон тренерот на „виолетовите“ Бепе Јакини.

„При последната средба Маурицио ми откри дека ќе ги започне преговорите за раскин на договорот со Јувентус. Сака да ѝ се врати на работата пред Божик. Се надева дека ќе ја преземе Фиорентина, иако многу го почитува Јакини. Негов сон е да ја тренира Фиорентина“, рекол Виригили.

Сари во кариерата бил тренер во Емполи, Наполи и Челси.

Share
Scroll to Top