Саудијците сакаат да го преземат приматот во светскиот фудбал, ќе трошат многу пари и наредните години

Саудијците сакаат да го преземат приматот во светскиот фудбал, ќе трошат многу пари и наредните години

пред 10 месеци

Саудиската фудбалска лига е решена да биде успешна и ќе продолжи да троши многу пари за да привлече некои од најголемите играчи, изјави денеска еден од предводниците на лигата, Британецот Питер Хатон.

„Мислам дека буџетите се на место веќе неколку години и не гледам дека се намалуваат. Во спортот сум 40 години и никогаш не сум видел толку голем проект и толку решен да биде успешен“, изјави Хатон, поранешен директор на „Евроспорт“, а сега член на Одборот на саудиската Про-лига.

Клубовите во оваа земја богата со нафта неодамна привлекоа неколку светски фудбалски ѕвезди. Карим Бензема, Н’Голо Канте, Ријад Махрез, Џордан Хендерсон и Садио Мане тргнаа по стапките на Кристијано Роналдо кој пристигна во земјата на крајот на декември.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека саудиската лига целосно го промени пазарот. Неговиот колега на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, стравува дека подоцнежното затворање на преодниот рок во Саудиска Арабија, три недели по повеќето европски лиги, може да има штетно влијание врз клубовите ширум стариот континент.

Хатон возврати дека „не е нужно лошо“ ако европскиот фудбал изгуби дел од својата моќ.

„Тоа не мора да значи дека Европа нема да биде толку силна во фудбалот во иднина. Тоа не е нужно лошо. Добро е што фудбалот има сила низ целиот свет”, изјави Хатон.
Убеден е и дека ќе следи комерцијален успех.

„Кога Роналдо потпиша за Ал-Наср, одеднаш добивме интерес од радиодифузери во повеќе од 170 земји“, дополни Хатон.

Share
Scroll to Top