Саутгејт: Мегваер е играчиште, ја има нашата поддршка

Саутгејт: Мегваер е играчиште, ја има нашата поддршка

пред 4 години

Селекторот на Англија Герет Саутгејт истакнал дека Хари Мегваер ја има поддршката од сите во националниот тим. Мегваер е еден од виновниците за поразот на Англија од Данска (0:1). Капитенот на Манчестер Јунајтед беше исклучен против Данска во 31 минута.

Најскапиот дефанзивец во светот трпи критики во јавноста поради слабата форма, неговите неволји започнаа пред почетокот на сезоната кога заврши во притвор во Грција.

„Се соочува со критики секакви луѓе. Сметам дека е врвен играч, тој е важен дел од нашиот тим. Со ‘дрвја и камења’ фрлаат по него. Доволно е возрасен за да знае како треба да се носи со оваа ситуација. Ја има нашата целосна поддршка, сигурен сум дека на ист начин размислуваат и во неговиот клуб“, рекол по натпреварот со Данска, селекторот Саутгејт.

За потсетување, Мегваер доби условна затворска казна поради скандалот што го предизвика во Грција. Поради тоа Саутгејт го изостави од репрезентацијата за натпреварите кои Англија минатиот месец ги одигра во Лигата на нации.

Share
Scroll to Top