Саутгејт ќе почека со објавувањето на конечниот список

Саутгејт ќе почека со објавувањето на конечниот список

пред 3 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, ќе го одложи објавувањето на конечниот список за ЕУРО 2020. Саутгејт најпрвин ќе го објави проширениот список.

Според медиумите на Островот, Саутгејт, сака да ги почека играчите кои се уште не ја завршиле сезоната. Тука се мисли на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челси, кои играат финални мечеви во европските купови.

Селекторот има проблеми со повредените играчи, на таа листа се Џордан Хебдерсон, Хари Мегваер, Калвин Филипс и голманот Ник Поуп.

Конечниот список Саутгејт мора да го достави најдоцна до 1.јуни.

Share
Scroll to Top