Светска шампионска во сноуборд загина во лавина на Алпите

Светска шампионска во сноуборд загина во лавина на Алпите

пред 3 години

Светската шампионка во сноуборд, Жули Помагалски, трагично настрада во лавина во швајцарските Алпи. Во оваа трагедија, загинал и спасувачот Бруно Путели.

„Ле Матин“, пишува, дека несреќата во која смртно страдала 40-годишната Помагалски, се случила во вторникот.

Жули Помагарски беше една од најдобрите сноубордерки во светот. На 19-годишна возраст, во 1999 година, таа ја освои светската титула во сноуборд крос, а во 2003 година була втора во паралел велеслаломот.

На Олимписките игри во Солт Лејк сити, во 2002 година, била шеста во паралел велеслаломот, а иститот резултата го повторила и на Игрите во Торино четири години подоцна.

Во Светскиот куп забележала девет победи, а во 2004 година го освоила големиот кристален глобус. Кариерата ја завршила во 2007 година.

Жули била внука на Жан Помагалски, човекот кој го измислил ски-лифтот во 1934 година.

Share
Scroll to Top