Свештеници го кренале гласот – Стадионт треба да го носи името Сан Паоло-Марадона

Свештеници го кренале гласот – Стадионт треба да го носи името Сан Паоло-Марадона

пред 4 години

Група свештеници од Неапол не ја подржуваат иницијативата стадионот во овој град, во иднина да го носи името на клупската легенда, Диего Марадона. Тие од надбискупот на Неапол, Крешченцо Сепи, побарале да се спротивстави на овој предлог.

Диего Марадона, почна во својот дом на 25.ноември. Веднаш откако веста за неговата смрт ја обиколи планетата, градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Магистрис предложи стадионот „Сан Паоло“ да го смени името во чест на човекот кој на Наполи му ги донесе единствените две титули во Серија А.

„Стадионот Сан Паоло треба да го носи името на светецот кој ни го донесе Исус. Со голема понизност чувствуваме дека наша обврска е да во го кажеме тоа. Би било добро стадионот да се вика Сан Паоло-Марадона, така е во Милано каде се наоѓа Сан Сиро-Меаца. Тоа би бил вистински компромис. Би ја спасиле верата и би му одале почит на еден шампион каков што беше Марадона“, се наведува во писмото на петмината свештеници.

Share
Scroll to Top