Свилар не сака да брани за Србија

Свилар не сака да брани за Србија

пред 9 месеци

Голманот на Рома, Миле Свилар не сака да брани за репрезентацијата на Србија.

Б92, повикувајќи се на свои извори, обајви дека Свилар го информирал Фудбалскиот сјуз на Србија дека не нема да дојде на следниот собир на националниот тим.

Наводно, Свилар сака да го искористи правилото на ФИФА и да ја смени репрезентацијата.

Свилар се најде на поширокиот список на репрезентативци кои конкурираат за пријателските натпревари со Русија и Кипар.

Овој 24-годишен голман досега одигра само еден натпревар за Србија.

Тоа беше против Катар на 1 септември 2021 година.

Свилар е роден во Антверпен, бранеше за младинските категории на Белгија, а според медиумите во таа земја, многу е веројатно дека за него ќе има место во белгиската репрезентација која ќе настапи на ЕУРО 2024.

Share
Scroll to Top