Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски и Енис Барди, во пресрет на утрешниот натпревар со Данска, во плејофот за пласман на Светското првенство, во Копенхаген одржаа прес конференција.
„Данска е одличен тим, но нашата цел е јасна, да се покажеме во најдобро светло и да победиме. Фудбалерите знаат што се очекува од нив, ги анализиравме максимално во последните три дена. Дополнителна мотивација ни даде и изјавата на Расмус Хојлунд дека ние не сме на нивото на Германија или Франција“, изјави Седлоски.
„Македонија знае како да игра вакви, големи натпревари. Работевме напорно, го анализиравме противникот, подготвени сме“, рече Енис Барди.
Натпреварот на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, утре ќе започен во 20.45 часот. Македонија или дабска во финалето ќе се соочат со Чешка или Ирска.
Фото/ ФФМ






