Седмо засилување за Тотенхем – пристигна Родон, Бејл не го пушташе да потпише

Седмо засилување за Тотенхем – пристигна Родон, Бејл не го пушташе да потпише

пред 4 години

Тотенхем го комплетираа трансферот на дефанзивецот на Свонси, Џо Родон за 15 милиони фунти и покрај шегата на Герет Бејл при презентацијата да го „вратат во Велс“.

22-годишниот Родон е седмо засилување за тимот на Жозе Мурињо во летниот преоден рок, кој иако е завршен на интернационално ниво, премиерлигашите уште можат да купуваат од англиските пониски лиги.

Тотенхем во видеото кое го објавија на Твитер за петгодишниот договор за Родон, неговите колеги од велшката репрезентација Бејл и Бен Дејвис одбиваа да му дозволат да влезе на тренинг-центарот на Тотенхем.

Родон е дел од академијата на Свонси и влезе во првиот тим по испаѓањето на клубот од Премиер лигата во 2018 година. Тој имаше 54 настапи за велшкиот клуб и не постигна ниту еден гол.

Share
Scroll to Top