Селекторот на Црна Гора: Србија има најдобра екипа во екс-Југославија, ама…

Селекторот на Црна Гора: Србија има најдобра екипа во екс-Југославија, ама…

пред 4 години

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Југославија, кој е актуелен селектот на Црна Гора, Фарук Хаџибегиќ со пофалби за селекцијата на Србија.

„Србија има најдобра екипа во цела екс-Југославија. Често се прашувам што може да се случи па Србија која има таков тим, да киксне во одлучувачки моменти. На тоа прашање одговор треба да даде селекторот“ објасни Хаџибегиќ.
Гледајќи го мечот со Шкотска и тој забележал дека нешто не е како што треба.

„За мене најголемо предупредување беше мечот со Луксембург (3-2), кој Србите го добија многу, многу тешко. Тогаш кај мене како гледач се запали црвеното светло и видов дека нешто се случува. Мечот со Шкотска мораа да го добијат во Белград, а едвај извлекоа нерешено и на крајот испаднаа на пенали. Навистина ми е тешко да ги пронајдам причините за неуспехот“ рече Хаџибегиќ.

Share
Scroll to Top