Селта го освои „Сан Мамес“

Селта го освои „Сан Мамес“

пред 3 години

Селта Виго дојде до изненадувачка 2:0 победа на гостувањето кај Атлетик Билбао, влошувајќи ја кризата во баскискиот гигант, кој има само две победи во последните шест натпревари.

Мечот беше одлучен во второто полувреме, кога прво Хуго Малјо во 61. минута ги донесе гостите во водство, пред ветеранот Јаго Аспас во 78. минута да стави печат на победата.

Билбао останува на деветтото место со 13 поени, додека во неверојатно израмнетата средина на табелата и Селта има 13 поени на 14-тото место.

Share
Scroll to Top