Селта го отпушти тренерот Гарсија

Селта го отпушти тренерот Гарсија

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Селта ја раскина соработката со тренерот Оскар Гарсија. Селта има само една победа во првите девет кола во Ла Лига, со седум освоени поени тимот од Виго се наоѓа блиску до опасната зона.

„Оскар гарсија и неговиот стручен штаб повеќе нема да седат на клупата на Селта“, се наведуваа во соопштението на клубот од „Балаидос“.

Оскар Гарсија, на клупата на Селта, седна во ноември 2019 година. Претходно ги предводел младинците на Барселона, односно Макаби Тел Авив, Вотфорд, Салцбург и Сент Етиен.

Клубот дополнително ќе го објави името на новиот тренер.

Share
Scroll to Top