Семејството Кренке не го продава Арсенал, туку има „возбудливи“ летни планови

Семејството Кренке не го продава Арсенал, туку има „возбудливи“ летни планови

пред 3 години

Џош Кренке, синот на газдата на Арсенал, Американецот Стен Кренке им одговараше на лутите фанови на Арсенал на прашањата за Суперлигата, и посочи дека тие не планираат да го продадат славниот лондонски клуб, туку да инвестираат во текот на летото.

Помладиот Кренке, кој е член на бордот на Арсенал, заедно со извршниот директор Винаи Венкатешам одговараа на прашањата на фановите на конференциски повик од 30 минути, и посочија дека мислат на иднината на клубот.

„Верувам дека сме целосно способни да продолжиме да го чуваме Арсенал. Бевме поставени во многу тешка ситуација од сили надвор од клубот, но плановите за ова лето остануваат исти и возбуден сум од тоа. Знам дека постои скептицизам, но сакам да воспоставиме однос со нашите навивачки групи и да им покажеме дека сме способни да го придвижиме клубот напред. Немаме излезна стратегија, не го продаваме клубот“, изјави Џош Кренке.

Share
Scroll to Top