Сензација во базенот во Токио – тинејџер од Тунис стигна до златото пред фаворитите

Сензација во базенот во Токио – тинејџер од Тунис стигна до златото пред фаворитите

пред 3 години

Ахмед Хафнауи креираше една од најголемите пливачки сензации во новата историја на Олимписките игри. Тој во Токио утринава го освои златото на 400 метри слободен стил.

18-годишниот пливач од Тунис ги победи фаворизираните Џек Меклафлин (Австралија) и Киран Смит (САД) кои завршија со сребро, односно со бронза на градите.

Колку е победата на тинејџерот сензационална доволно говори фактот што тој настапи во најтешката, осма патека, откако одвај се квалификуваше за финалната трка.

Во текот на целата трка Хафнауи имаше заостанување, но фантастично ги исплива последните 50 метри и надокнади 40 стотинки во последниот дел од трката.

Тунижанецот заврши со време 3:43.36, безмалку 2,5 секунди од времето кое го имаше во квалификациите. Тој стана само третиот пливач во историјата кој стигнал до златото откако пливал во патеката 8. Ова е прво злато за Тунис во оваа дисциплина и севкупно третот во пливачките дисциплини во историјата на оваа земја.

„Едноставно не можам да верувам. Ова е остварување на моите сни. Никогаш во животот не сум пливал подобро. Им го посветувам овој медела на мајка ми, татко ми и на сестрите. Сакам да се горди на мене“ рече тој по трката.

До минатата година Хафнауи не беше рангиран во најдобрите 100 пливачи во светот, но во Токио стигна како 17-ти пливач на табелата на ФИНА.

Share
Scroll to Top