Поранешниот голман на Баерн Минхен, Сеп Мајер изјави дека Тони Крос не треба да биде дел од националниот тим на Европското првенство.
Некои германски медиуми неодамна објавија дека Крос би можел повторно да го облече дресот на Германија. Последен пат тој за Германија настапи во 2021 година на Европското првенство.
„Не би го вратил Крос. Мислам дека не би било добро ако повторно заигра за репрезентацијата. Имаме многу други талентирани играчи на неговата позиција кои можат да му помогнат на нашиот тим. Сега тоа е топ тема во медиумите, но не би го повикал повторно Крос. Ова не значи дека тој не е голем играч“, изјави Мајер.
Мајер го освои Европското првенство во 1972 година и Светското првенство во 1974 година со Германија.
Крос (33) се повлече од германската репрезентација по Европското првенство во 2021 година по елиминацијата во осминафиналето на ЕП 2021 од Англија (0:2).
Крос за репрезентацијата одигра 106 натпревари и постигна 17 голови, а со Германија го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.