Серена: Платена сум помалку од што вредам затоа што сум црна!

Серена: Платена сум помалку од што вредам затоа што сум црна!

пред 4 години

Американската тенисерка Серена Вилијамс тврди дека никогаш немала статус на најдобра тенисерка во светот само поради бојата на кожата.

„Цел живот сум платена помалку од што вредам, никој не ме сакал и никој не верувал во мене, но никогаш не сум сакала да сум бела. Постарата сестра (Венус) повеќе им одговара на прифатените стандарди поради долгите нозе, поради ставата. На малите екрани никогаш во прв план не биле луѓе кои се градени како мене. Но, ова тело ми донесе кариера и победи“ вели помладата сестра Вилијамс.

Проценките се дека Серена Вилијамс е најбогатата тенисерка во историјата на овој спорт, „тешка“ околу 200 милиони долари. Од оваа сума, помалку од половината се средства кои доаѓаат од тениските турнири.

Серена со 93,5 милиони долари ја предводи Топ 5 листата според заработка од турнирите, во женска конкуренција.

Втора на таа листа е нејзината сестра, Венус со 41.9 милиони долари, трета е Марија Шарапова со 38.7 милиони, па следуваат Симона Халеп со 36.8 и Каролина Вознијацки со 35.2 милиони долари.

Share
Scroll to Top