Сериозни обвинувања од адвокатот на Марадона: Лекарите доцнеа половина час

пред 3 години

Адвокатот на Диего Армандо Марадона, Матијас Морла, по смртта на легендарниот фудбалер, во јавноста излегол со сериозни обвинувања за медицинските екипи. Тој смета дека тие не реагирале навреме. На својот профил на „Твитер“, Морла, лекарите од Итната помош ги нарекол „криминални идиоти“. Овие зборови во твитот ги напишал со големи букви. „Необјасниво е дека мојот пријател 12 часа нема никакво внимание или контрола од медицинскиот персонал. На Итната помош и требаше пола час да стигне, тоа е криминален идиотизам“, напишал адвокатот. Морла дополнил дека ќе бара истрага за грижата кон Марадона и дека поради лошата реакција на Итната помош некој ќе мора да понесе одговорност.

Share
Scroll to Top