Се ближи крајот на една ера: Беличик ги напушта Петриотс

Се ближи крајот на една ера: Беличик ги напушта Петриотс

пред 9 месеци

На повидок е крајот на веројатно најуспешната ера во историјата на НФЛ.

Според Том Куран, новинар на Ен-би-си спортс, Њу Ингланд Петриотс нема да ја продолжат соработката со легендарниот Бил Беличик и ќе бараат нов тренер за следната сезона.

Беличик на клупата на овој тим е од 2000 година и за тоа време освои шест шампионски титули.

Заедно со Каролина, патриотите се единствениот тим без шанса да се квалификува во плеј-офот оваа сезона, па на Беличик потенцијално му преостануваат уште само четири натпревари на клупата на трофејниот тим.

Беличик, според бројот на победите, е вториот најуспешен тренер во НФЛ (332), но откако Том Брејди го напушти тимот, Њу Ингланд не е истиот тим, што доведе до прашањето дали е време Беличик да ја напушти франшизата.

Share
Scroll to Top