Се пензионира на 32 години некогаш 9. светска тенисерка

Се пензионира на 32 години некогаш 9. светска тенисерка

пред 3 години

Германската тенисерка Јулија Гергес, поранешна полуфиналистка на Вимблдон денеска соопшти дека на 32 години ја завршува професионалната кариера. Германката најдобриот пласман на ВТА листата го имаше во 208-та кога беше деветта, а пред да го напушти тенисот се наоѓа на 45-тата позиција.

„Отсекогаш знаев како ќе се чувствувам кога ќе дојде време да се простам од тенисот, и тој момент дојде. Подготвена сум да го затворам тениското поглавје и да отворам ново, поради што сум многу возбудена“ рече Гергес.

Последниот меч го одигра на Ролан Гарос кога во второто коло загуби ос сонародничката Лаура Зигмунд.

Покрај полуфиналето на Вимблдон во 2018-та, играше и финале на Ролан Гарос во конкуренција на мешани двојки заедно со Србинот Ненад Зимоњиќ.

Во кариерата го освои турнирот во Штутгард во 201а. Година, како и турнирите во Москва и Џу Хај во 2017 година.

Share
Scroll to Top