Лос Анџелес Лејкерс во овие моменти играат против Атланта Хокс. Актуелните шампиони се без својот капитен и најдобар играч Леброн Џејмс.
Џејмс се повреди на почетокот на втората четвртина. Леброн беше удвоен од страна на поранешниот соиграч Режон Рондо и Соломон Хил. Хил потоа падна врз зглобот на Леброн.
Ѕвездата на Лејкерис веднаш се пресели на клупата, но по кратко време се врати на теренот, погоди тројка, а потоа замина во соблекувалната.
Лејекрси веднаш објавија дека станува збор за повреда на скочниот зглоб.
Bron appears to turn his ankle, stays in the game and hits a three, then heads to the locker room pic.twitter.com/OdTrDW77o1
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 20, 2021