Се топи предноста на Ѓоковиќ

Се топи предноста на Ѓоковиќ

пред 3 години

Се топи предноста на Новак Ѓоковиќ на АТП листата. Српскиот тенисер, не успеа да ја одбрани титулата на Мастерсот во Рим, поради што остана без 400 бодови. Ѓоковиќ со 11.063 поени ја започна својата 321 недела на првото место, на АТП листата.

Ѓоковиќ, се уште има добра предност во однос на Данил Медведев (9.793). Ѓоковиќ, сигурно ќе биде прв до почетокот на Ролан Гарос, а веројатно и по завршувањето на овој Гренд слем.

Медведев треба да го освои Ролан Гарос за да го престигне Ѓоковиќ.

Трет на оваа листа е Рафаел Надал, со 163 поени помалку од Медведев. Можно е Надал, до почетокот на Ролан Гарос да одигра еден турнир за да се врати на второто место.

Во Топ 5 на АТП листата се уште и Доминик Тим (8.445) и Стефанос Циципас (7.430).

Share
Scroll to Top