Микел Мерино ги сподели своите впечатоци по постигнувањето на победничкиот гол за Шпанија во четвртфиналето против Белгија.
Херојот на „Црвената Фурија“, претходно ја елиминираше Португалија со својот гол во осминафиналето, во 91-та минута. Белгија ја реши со голот во 88-та минута.
„Како треба да се чувствувам? Пресреќен сум. Мислев дека нешто вакво нема да се случи повторно којзнае колку долго, но се случи повторно. Се чини дека нема случајности. Ако влезете подготвени, можноста повторно ќе дојде. Ова е нешто посебно. Ја обединува целата земја и е голема работа да им донесете радост на толку многу луѓе“, рече Мерино за шпанскиот национален сервис, РТВЕ.
Шпанскиот репрезентативец нагласи дека верува во успехот на својот тим и дека сонот за освојување на титулата е се поблиску.
„Ќе видиме што ќе се случи. Остануваат уште два натпревари до освојувањето на Светското првенство. Тоа е сон што се остварува и се надевам дека ќе можеме да го оствариме“, рече Мерино.
Франција ја чека Шпанија во полуфиналето, а дуелот е закажан за вторник, 14 јули.
„Ќе биде рамноправен натпревар. Одиме на Франција со многу желба и глад за победа“, заклучи Мерино.
Foto/ EPA






