Ракометарките на Шпанија и Холандија забележаа победи на олимпискиот турнир во Токио.
Шпанија славеше во дуелот со Бразил 27:23 и направи голем чекор кон пласман во четврт-финалето. Предноста Шпанките ја обезбедија во првиот дел (14:10), која потоа со добра игра успеаја да ја задржат.
Пења постигна седум, а Лопез пет гола за Шпанија. Бразилката Де Паула со осум гола беше најефикасна на натпреварот.
Холандија убедливо славеше во дуелот со Ангола 37:28. Холандија со оваа победа обезбеди место во четврт-финалето.
Ветеринг постигна осум, а Абинг шест гола за Холанѓанките. Осум гола за Ангола мечот го заврши со осум гола.