Симеоне: Облак не спаси, Серлот ни донесе победа, Барселона не заслужи да загуби

Симеоне: Облак не спаси, Серлот ни донесе победа, Барселона не заслужи да загуби

пред 21 час

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа ја шокираа Барселона на „Монжуик“, победувајќи со 2-1 со голот на Александер Серлот во 96. минута, во големото дерби од 18. коло на шпанската Ла Лига.

Атлетико на тој начин го обезбеди првото место на крајот од годината, со 41 бод, три повеќе од Барса и четири од Реал, кој денеска и гостува на Севилја.

„Јорганџиите“ за прв пат славеа на теренот на Барселона по 2006 година, а сласта на триумфот во Каталонија над големиот ривал конечно ја почувствува долгогодишниот тренер на Атлетико, Диего Симеоне. Неговиот тим синоќа покажа дека е доволно зрел да ја врати титулата на „Метрополитано“ по четири години.

„Среќен сум, не можам да лажам. Страдавме, Барселона играше исклучително добро, постојано не напаѓаа. Но, ние се браневме брилијантно, одбраната беше извонредна, Облак пред се. Тоа ни овозможи да опстанеме. Тимот беше трпелив , го искористивме контранападот на Серлот и остваривме голем триумф. Ова е тимска победа, бидејќи ние сме најсилни кога сме група“, истакна Симеоне по мечот.

Зборуваше за играчите, а го пофали и Серлот кој на најдобар можен начин зошто натпреварите ги започнува од клупата за резерви.

„Не извлече од неволја, ни донесе голема победа. Можеби Барселона не заслужи да загуби. Имаа многу шанси против нас, но и против Лас Палмас и Леганес. Сепак, фудбалот е таков спорт, кога не можете да постигнете гол, тогаш имате голем проблем“, заврши Симеоне.

Интересно, Александер Серлот ја победи Барселона на гостински терен со три различни клуба во Ла Лига (Сосиедад, Виљареал и Атлетико) во последните две сезони и секогаш бил стрелец.

Share
Scroll to Top