Палас со неверојатен гол од слободен удар ја прекина победничката серија на Јунајтед

Палас со неверојатен гол од слободен удар ја прекина победничката серија на Јунајтед

пред 1 година

Манчестер јунајтед беа на чекор до нова победа и искачување на второто место на табелата во Премиерлигата, пред 21-годишниот Мишел Олисе да постигне неверојатен гол од слободен удар за да извлече 1:1 реми за Кристал палас на „Селхарст парк“. Со ова се стави крај на серијата од девет победи во низа на тимот на Ерик Тен Хаг во сите натпреварувања.

Јунајтед веруваа дека ги запечатија трите поени откако Бруно Фернандеш во 43. минута доби одлична топка од Кристијан Ериксен за ја „скрши“ одбраната на домаќините. „Ѓаволите“, за кои дебитираше холандското засилување, Вут Вегхорст не успеаја да постигнат уште еден гол во израмнетото второ полувреме, пред во 91. минута, Олисе да го матира Давид де Хеа со прекрасен гол.

Со ова, „ѓаволите“ остануваат на третото место на табелата, сега со 39 поени, колку имаат и Манчестер сити пред нив, и тоа пред гостувањето кај лидерот Арсенал, каде што ќе мораат да бидат без Касемиро кој ќе го пропушти мечот поради тоа што доби жолт картон.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top