Симеоне: Сите во Атлетико би го дале животот за титулата

Симеоне: Сите во Атлетико би го дале животот за титулата

пред 3 години

Диего Симеоне вели дека неговите Атлетико Мадрид ќе го „дадат животот“ за да бидат крунисани за шампиони во Шпанија пред последниот викенд во Ла лига во кој се во борба со Реал Мадрид.

Симеоне може по вторпат да ја освои титулата со Атлетико, откако неговиот клуб водеше во поголем дел од сезоната, но пред последниот меч од сезоната против Реал Валјадолид се на два поени пред Реал Мадрид, и ако случајно се израмнети со поени, титулата ќе отиде кај „кралевите“ поради подобриот меѓусебен скор. Во исто време Валјадолид уште немаат обезбедено опстанок и ќе го дадат максимумот против „рохибланкос“.

„Ова е финале на два тима со различни цели. И ние, и Валјадолид ќе го дадат животот да ја остварат целта. Како и цела сезона, ќе се фокусираме на нашата игра и ќе се обидеме да дадеме гол. Сезоната беше долга со многу ситуации, но сега се бориме за титула и нема оправдувања“, вели  Симеоне.

Доколку Реал победат против Вилјареал, Атлетико мора да триумфира за да ја освои титулата – пораз ќе значи заостанување од еден поен, а реми ќе значи дека двата тима се израмнети на поени.

Share
Scroll to Top