Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше пред натпреварот со Малага, а едно од главните прашања беше за иднината на Хулијан Алварез.
Аргентинскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради шпекулациите за можно заминување од Мадрид, но Симеоне јасно стави до знаење дека клубот смета на него.
„Мигел Анхел е сопственик на клубот. Не може да биде појасно од тоа. Како кога судијата дава пресуда – „нема основа“. Повеќе од јасно е што кажа“, истакна Симеоне.
Сепак, тренерот на Атлетико верува дека Алварез во моментов нема доволни тренинзи и нема да биде подготвен за натпреварот против Малага.
„Јас се занимавам со спортските прашања. Разговаравме како и секогаш. Мислам дека му треба уште малку за во недела да биде на своето најдобро ниво. Му треба повеќе тренинг“, рече Симеоне.
Аргентинецот имаше само пофални зборови за својот најдобар играч.
„Тој е најдобриот играч што го имаме и ќе се обидеме да изградиме тим околу него, со оглед на неговиот квалитет“, рече Симеоне.
Тој зборуваше и за засилувањата, меѓу кои и за Кристијан Ромеро, за кого верува дека ќе донесе лидерство, квалитет и карактер во тимот.
Симеоне се осврна и на заминувањето на Антоан Гризман, нагласувајќи дека Атлетико нема да може едноставно да најде негова замена.
„Нема да има друг Гризман. Имавме генијалец со години и ќе ни недостига. Како и многу пати досега со важни играчи, ќе се обидеме да ги вклопиме на најдобар начин со момците што доаѓаат“, заклучи тренерот на Атлетико.
Foto/ EPA






