Три недели во Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ се врати на второто место на АТП листата. Број 1 е Јаник Синер, кој го освои турнирот во Хале и ја зголеми предноста на врвот. Ѓоковиќ профитираше од раната елиминација на Карлос Алкараз на турнирот во Квинс.
Синер ќе биде прв носител на Вимблдон. По освоената титула во Хале, Италијанецот има 9.890 поени.
Алкараз не успеа да ја одбрани титулата во Квинс поради што падна на третата позиција со 230 поени помалку од Ѓоковиќ, кој не игра од Ролан Гарос. Србинот се повлече поради повреда по победата над Франциско Серундоло во осминафиналето.
Меѓу првите десет се и Александар Зверев (6905), Даниил Медведев (6445), Андреј Рубљов (4420), Хуберт Хуркач (4235), Каспер Руд (4025), Алекс Де Минор (3830) и Григор Димитров (3750).