Манчестер сити се пред договор со Кевин де Брујне за потпишување на нов петгодишен договор, со кој би сакале да го „врзат“ фантастичниот Белгиец до крајот на неговата кариера.
Според британските медиуми, Де Брујне повеќе би сакал да потпише само двегодишно продолжување на договорот кој му завршува во 2023 година, но Сити го убедува да остане со неделна плата од 300.000 фунти плус голем број на бонуси.
29-годишниот Белгиец претходно изјавуваше дека сака да почека да види што ќе се случи со првичната двегодишна суспензија на Сити од европските натпреварувања, која потоа падна со одлука на Судот за арбитража во спортот (ЦАС).
Де Брујне веќе се навикна на животот во северозападот на Англија со неговата сопруга и трите деца и ужива да игра под Пеп Гвардиола, така што е многу веројатно дека би го продолжил договорот со желба да се врати титулата од Премиер лигата.