Сити даваат 90 милиони фунти за Хери Кејн!

Сити даваат 90 милиони фунти за Хери Кејн!

пред 3 години

Манчестер сити подготвуваат огромна понуда од 90 милиони фунти за ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн следното лето, тврди германскиот „Билд“, бидејќи во Англичанецот гледаат совршена долгорочна замена за Серхио Агуеро.

27-годишниот Кејн има постигнато неверојатни 152 гола во Премиер лигата и двапати ја освојуваше наградата „златна копачка“ во Англија, а оваа сезона веќе има 9 постигнати голови за тимот на Жозе Мурињо.

Сити, според Пеп Гвардиола, нема да троши пари во текот на зимскиот преоден рок и ќе се обиде да го убеди Кејн дека шансите за освојување на титула во Англија се поголеми со Манчестер сити отколку со Спарси.

32-годишниот Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на  Манчестер сити со 256 гола, но оваа сезона има проблеми со физичката подготвеност играјќи во само четири меча.

Share
Scroll to Top