Сити се намачија за победа кај Астон вила

Сити се намачија за победа кај Астон вила

пред 3 години

Манчестер сити направи уште еден чекор до титулата во Премиер лигата, враќајќи се од шокантниот старт против Астон вила за 2:1 победа со која имаат 11 поени предност пред градските ривали Манчестер јунајтед на пет кола пред крајот на сезоната.

По елиминацијата во полуфиналето на ФА купот од Челси, и по неколкуте бурни денови со Суперлигата, Сити доживеаја шок во првите секунди од мечот, кога Џон Мекгин го совлада Едерсон за 1:0 водство на „Вила парк“. „Граѓаните“ се созедоа и во 22. минута израмнија преку Фил Фоден, пред Родри во 40. минута да донесе 1:2 водство, пред во 44. минута да останат со играч помалку по црвениот картон на Џон Стоунс. Вила исто така остана со 10 играчи во 57. минута по вториот жолт картон и не успеаја да се вратат за поен.

Share
Scroll to Top