Слатка одмазда! Македонија со 3-0 се реваншираше против Данска

Слатка одмазда! Македонија со 3-0 се реваншираше против Данска

пред 3 години

Македонските одбојкари го исполнија ветувањето, остварувајќи максимална 3-0 (25-23, 25-17, 25-21) победа над Данска во Слагелсе за да се вратат на првото место на табелата во Европската сребрена лига.

Со фантастичен старт, по разочарувачкиот пораз во Струмица, Македонија поведе со 7:1, предност која не ја пропуштивме до крајот на сетот. Вториот сет беше уште подобар, со предност од 6 разлика, пред да се заврши работата само во три сета.

Александар Љафтов беше најдобар во македонската репрезентација со 23 поени, додека капитенот Ѓорѓиев имаше 12 поени.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Share
Scroll to Top