Солскјер им порачал на играчите дека овој Јунајтед е посилен од тој од 1999!

Солскјер им порачал на играчите дека овој Јунајтед е посилен од тој од 1999!

пред 3 години

Оле Гунар Солскјер им порачал на играчите на Манчестер јунајтед дека имаат посилен состав од легендарниот од 1999 година во која тој беше член и кој освои тројна титула, јавува британскиот „Сан“.

„Ѓаволите“ ги купија Рафаел Варан, Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо ова лето, и очекувањата се големи на „Олд Трафорд“, конечно, да се стигне до титула откако лани беа на 12 поени од шампионот Манчестер сити, а загубија и во финалето на Лига Европа.

Според „Сан“, Солскјер смета дека пристигнувањето на новите засилувања значи дека веќе нема изговори и дека се работи за посилен тим од легендарниот од 1999 година, кој ја освои Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.

Солскјер смета дека единствен фудбалер кој може да има влијание како Роналдо во Премиер лигата е Ромелу Лукаку во Челси. Оваа вест доаѓа откако Роналдо веќе им кажал на новите соиграчи и на Солскјер дека целта оваа сезона мора да биде титулата од Премиер лигата.

Share
Scroll to Top