Солскјер инсистира: Ливерпул уште играат добро

Солскјер инсистира: Ливерпул уште играат добро

пред 3 години

Пред втората пресметка за само една недела, Оле Гунар Солскјер инсистира дека Ливерпул уште се врвен тим кој игра одлично и покрај проблемите со формаа во последните неколку недели.

Јунајтед и Ливерпул одиграа разочарувачко реми без голови на „Енфилд“ во Премиерлигата пред една недела, а денеска ќе се судрат во ФА купот на „Олд Трафорд“, во меч во кој Ливерпул пристигнуваат по незгодниот пораз од Барнли, прв домашен пораз по 68 меча и многу прашања околу формата, но Солскјер вели дека резултатите „лажат“.

„Тие уште играат добро. Кажав дека најдобро време да се сретнеме со нив беше минатата недела. Тоа не беше знак на непочитување кон нив, туку само дека тоа беше најдобро време за нас, бидејќи сме во добра форма и со многу самодоверба. Секако, ќе сакаат да не победат и да одат понатаму. Заостануваат малку во лигата, но уште се врвен тим. Ние имавме добра серија од четири домашни меча, но сега ни следуваат три гостувања. Сепак, победите кај Барнли и Фулам и ремито кај Ливерпул, тоа е пристојно за гостувања“, вели Солскјер.

Share
Scroll to Top