Солскјер може мирно да спие, го има Бруно Фернандеш

пред 3 години

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, со триумф на „Гудисон парк“, ја отворија саботната програма во Премиер лигата. Во рамките на осмото коло, Јунајтед предводен од Бруно Фернандеш го победи Евертон со 3:1. Евертон по блескавиот почетокот на сезоната, кога немаше пораз во првите пет кола, го забележа и третиот пораз во низа. Јунајтед од друга страна победи и на третото гостување сезонава. Оле Гунар Солскјер и „црвените ѓаволи“ го слават Португалецот Бруно Фернандеш, кој постигна два два гола и му асистираше на Единсон Кавани за третиот гол. Евертон добро влезе во мечот, а со голот на Бернард во 19 минута го отворија резултатот. Јунајтед одговорија во наредните 12 минути преку Бруно Фернандеш. Португалецот најпрвин израмни во 25 минута, а потоа неговиот обид за центаршут кон Рашфорд, го изненади Пикфорд во 32 минута. Во вториот дел Јунајтед се повлече, го чуваше водството, а играчите на Евертон беа премногу анемични во нападите. Две солидни шанси имаше Дукуре дури во судиското надополнување на времето. Конечниот резултат, со својот првенец за Јунајтед, го постави Кавани во 93 минута. 

Share
Scroll to Top