Сон донесе три поени за Тотенхем кај Барнли

Сон донесе три поени за Тотенхем кај Барнли

пред 4 години

Тотенхем успеа да стигне до тешко извојувана 1:0 победа на гостувањето кај Барнли, откако и покрај теренската иницијатива дури во 76. минута, Сон Хеунг-Мин ги обезбеди трите поени за тимот на Жозе Мурињо.

Првото полувреме беше екстремно досадно за фановите на Премиер лигата, кои се навикнати на малку подинамичен фудбал, откако и покрај тоа што Тотенхем имаше 63 отсто од поседот на топката, немаа упатено ниту еден удар кон голот на Поуп.

Герет Бејл остана на клупата цел меч, така што Тотенхем повторно се потпре на партнерството Хери Кејн-Сон за голови. По корнер во 76. минута, Кејн му ја намести топката на Кореецот, кој со глава го матираше голманот.

Со победата Тотенхем се на петтото место во Англија со 11 поени, само два помалку од лидерот Евертон и второпласираниот Ливерпул. Барнли, се на 17. место со само еден освоен поен, како и Шефилд јунајтед и Фулам.

Share
Scroll to Top