Голгетерот на фудбалската репрезентација на Украина, Роман Јаремчук зад себе има успешно лето. Имаше важна улога со селекцијата на ЕУРО 2020, стигнаа до четвртфинале, а тој постигна 2 гола на петте настапи.
Јаремчук направи и трансфер во Бенфика, редовите на Гент каде на 43 меча постигна 23 гола.
Интересни детали за неговиот приватен живот открива неговата сопруга.
„Тој јаде по 13 пати на ден и никогаш не му е доволно. Сака да гледа `National Geographic` во текот на ноќта, но и документарни филмови за вселената и за црните дупки. Напорно е да го носите било каде“ раскажа неговата сопруга за португалските медиуми.
Инаку, Јаремчук во дресот на Бенфика сезонава има два настапи, со учинок од еден гол и две асистенции.