Фудбалерите на Јувентус со спектакуларен пресврт,ја победија Рома на „Олимпико“ со 4:3. Јувентус со оваа победа го задржа чекорот со екипите кои се во зоната на Лигата на шампионите (Аталанта, Наполи), додека Рома дополнително се оддалечи од таа зона.
„Старата дама“, успеа да се извлече од бездната во која се наоѓаше до 70.минута. За само седум минути, минусот од 3:1 го претворија во предност 3:4. На крајот победата ја одбрани голманот Шчешни кој не му дозволи на Пелегрини да постигне гол од пенал во 83.минута.
Два гола беа постигнати во првиот дел. Ејбрахам погоди за Рома, а Дибала постигна преубав гол седум минути подоцна.
Вториот дел донесе два гола за Рома. Мхитаријан во 48.минута со помош на Де Шиљо го совлад Шчесни. Пет минути подоцна Пелегрини од слободен удар од 25 метри ја скина мрежата од голот на Јувентус.
Јувентус беа немоќни и без идеја до 70.минута. Алваро Мората му сервираше идеална топка на Локатели кој го намали резултатот. Четири минути подоцна Мората беше во шанса, неговиот удар беше блокиран, а Кулушевски израмни на 3:3. Во 77.минута, уште една добра акција на Јувентус, која со гол за победа ја заврши Де Шиљо.