Специја бега од опасната зона, Каљари на пат кон Серија Б

Специја бега од опасната зона, Каљари на пат кон Серија Б

пред 3 години

Специја и Каљари ја затворија саботната програма во Серија А, бидејќи натпреварот помеѓу Интер и Сасуоло е одложен. Специја успеа да го победи директниот конкурент во борбата за опстанок со 2.1.

Головите беа постигнати во второто полувреме, откако во првиот дел двата тима не реализираа по една вистинска шанса.

На стартот од вториот дел предност на Специја и донесе Пиколо. Предноста на домашниот тим ја дуплираше Маџоре во 80.минута.

Три минути подоцна Переира со својот гол ја најави драмата која се случуваше во последните десет минути. Каљари притисна со сите сили, постигна и гол преку Надез, кој беше поништен поради офсајд.

Специја со оваа победа избега од опасната зона и воедно ги намали шансите на каљари во борбата за опстанок. Специја се 15. на табелата со 29 поени, додека Каљари се на 18.место со 22 бода и два натпревари повеќе од Торино, кој има 23 бода и се наоѓа во безбедната зона.

Share
Scroll to Top