Шпанците немоќни против Дрим-тимот

Србинките немоќни против Дрим тимот

пред 3 години

Женскиот „Дрим тим“ на САД, ја продолжи серијата на Олимпијадите, изборувајќи ново финале. САД, во првото полу-финале, ја победија Србија со 79:59.

Од самиот почеток Американките го наметнаа својот ритам. Србија водеше само на почетокот, но беше јасно дека европските шампионки, не можат да се носат со физички многу посилните Американки.

На полувремето беше решен победникот, САД имаа 41:23.

Во последната четвртина, српскиот селектор Марина Маљковиќ ги повлече своите најдобри кошаркарки, за да ги одмори за „малото финале“.

Бритни Грејнер со 15, односно Челси Греј со 14 поени беа најефикасно кај САД, додека Ивон Андресон со 15 поени ја предводеше Србија.

Share
Scroll to Top