Србинот од Атлетико се сели кај Роналдо во Ваљадолид

Србинот од Атлетико се сели кај Роналдо во Ваљадолид

пред 3 години

Атлетико Мадрид, во саботата го победи Ваљадолид со 2:0. Гостувањето во Мадрид, претставниците на клубот чии сопственик е Бразиелцто Роналдо, го искористиле за да ја договорат позајмицата на српскиот интернационалец, Иван Шапоњиќ.

Шапоњиќ е фудбалер кој со репрезентацијата на Србија до 20 години, во 2015 година го освои Светското првенство. Во Атлетико е минатата сезона, но не добива можност да игра. Конкуренцијата во нападот на Атлетико е пеколна, тука се Жоао Феликс, Анхел Кореа, Луис Суарез и Диего Коста.

Минатата сезона, Шапоњиќ, настапи на само три натпревари, односно вкупно одиграч 63 минути за „јорганџиите“.

Минатото лето се поврзуваше со трансфер во Слетик, меѓутоа реши да остане и да се бори за место во тимот.

„АС“, пишува дека речиси е договорена неговата позајмица во Ваљадолид.

Тимот на Роналдо, од почетокот на сезоната се начи со ефикасноста, има постгнато само 11 гола на 12 натпревари во Ла Лига. Шапоњиќ ќе се обиде да ја подобри ефикасноста на овој тим.

Атлетико на местото на Шапоњиќ ќе се обиде да ангажира друг напаѓач, се шпекулира дека тоа ќе биде Аркадијуш Милик.

Share
Scroll to Top