Србите ќе го напуштат ЕП доколку УЕФА не ги казни Албанија и Хрватска

Србите ќе го напуштат ЕП доколку УЕФА не ги казни Албанија и Хрватска

пред 5 месеци

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), остро реагираше на навивачките скандирања во текот на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска (2:2) на Европското првенство.

Некаде во 60 минута од натпреварот, навивачите на двете репрезентации скандираа: „Убиј, убиј го Србинот“.

Генералниот секретар на ФСС, Јован Шурбатовиќ, најави дека ќе побара драконски казни за Албанија и Хрватска. Се закани со напушштање на турнирот дека доколку УЕФА на го стори тоа.

„Скандалозно е тоа што се случи. ФС на Србија ќе бара од УЕФА жестоки казни, по цена да не го продолжи учеството на ЕП. Ова е навистина скандалозно и не сакаме никогаш да се повтори“, изјави Шурбатовиќ.

Нема сомнеж дека ќе биде покрената дисциплинска постапка.

„Сигурни сме дека УЕФА ќе го стори тоа. Благодарни сме на УЕФА бидејќи одговори на нашиот сигнал за однесувањето на т.н. новинар, веднаш му беше одземена акредитацијата. Испративме протестно писмо, ова нема врска со спорт и не сакаме ЕП да се политизира“.

Share
Scroll to Top