Страв од навивачите – метални бариери околу „Олд Трафорд“

Страв од навивачите – метални бариери околу „Олд Трафорд“

пред 3 години

Манчестер јунајтед решија да го зголемат обезбедувањето околу „Олд Трафорд“ со кревање на метални бариери околу стадионот по фуриозните протести минатата недела кои примораа одложување на дербито со Ливерпул.

Лутите навивачи влетаа на теренот на „Олд Трафорд“ по протестите против семејството Глејзер, откако ден претходно 20-тина навивачи влегоа на тренинг-центарот во Керингтон и разговараа со менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Ѓаволите“ по совет на полицијата решија да го зголемат обезбедувањето пред утрешниот домашен меч против Лестер, а само 48 часа подоцна ќе ги пречекаат и Ливерпул на домашен терен, пред следниот вторник да го пречекаат и Фулам. Посебно внимание е обрнато на таканаречениот тунел „Минхен“, од каде што навивачите влегоа на стадионот.

Share
Scroll to Top